Италијанскиот фудбалски клуб Реџина објави дека 21 играч е заразен со коронавирус, заедно со уште шестмина други членови на тимот.
Според изјавата на членот на Серија „Б“, меѓу заразените има 21 фудбалер, тренерот и неговиот помошник.
Натпреварот помеѓу Реџина и Цитадела, кој требаше да се игра во сабота, е одложен.
По четири кола, Реџина има победа, реми и два порази.