Во прволигашки ракометен плеј-аут натпревар Делчево загуби од Преспа

Од:

Во прволигашки ракометен плеј-аут натпревар екипата на Делчево е поразена од ракометарите на Преспа со 23:28. Во изедначен натпревар гостите благата предност ја создадоа кон крајот на првото полувреме, предност која ја задржаа до крај и заслужено победија со 5 гола разлика. За гостинскиот тренер, откако е пропуштена шанса за играње плеј-оф натпревари, РК „Преспа“ во овие плеј-аут натпревари создава тим кој се спрема за подобри резултати во следната сезона.

– Имаме екипа која ја подготвуваме за следната сезона, годинава не ја искористивме шансата за да играме во плеј-оф натпреварите и затоа играме плеј-аут. Во овој натпревар бевме подобар противник од РК „Делчево“, екипа која игра добар ракомет, но во еден коректен натпревар денес бевме подобри од нив, истакна тренерот на РК „Преспа“ Иван Ангелковски.

Иако изрази задоволството од играта на домашните ракометари, тренерот на РК „Делчево“ Гоце Стоиловски очекува играта да се подобри по рехабилитиацијата на повредените ракометари во тимот.

– Тоа што го одигравме беше добро, имавме шанси, имавме зицери, но не ги искористивме и победата на гостите е заслужена. Се надеваме дека наредните средби ќе ја кренеме формата, повредените играчи ќе се рехабилитираат и ќе бидеме тоа што треба да бидеме, рече Стоиловски.

Следниот натпревар на сдомашен терен во плеј-аут натпреварите домашната екипа го игра за две недели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска