Во подготовка втората генерација на „Дачиа Дастер“

Од:

„Дачиа Дастер“ е евтин СУВ што ја изненади конкуренцијата и во текот на четирите години, колку е во продажба, го освои дури и пребирливиот западноевропски пазар.

Рестилизираната верзија беше претставена есента 2013 година, а како пренесува францускиот магазин „Ауто Плус“, во подготовки е втората генерација, што во продажните салони ќе пристигне во 2017 година.

Се покажа дека „Рено“ во 2010 година постигна полн погодок кога ја донесе одлуката на купувачите да им понуди пристапно по цената, а употребливо теренско возило. Моделот што кај нас е познат како „Дачиа Дастер“ на многу светски пазари се продава со ознаката на „Рено“, а до сега во пет фабрики на три континенти се произведени повеќе од милион возила.

Инженерите и дизајнерите имаат задача да го повторат успехот со втората генерација, но и шанса да го унапредат „Дастерот“ и да исправат некои недостатоци од актуелната верзија. Притоа, цената на автомобилот не смее да расте, бидејќи тоа е еден од најсилните продажни адути на производителот.

Околу дизајнот на новиот модел засега може само да се шпекулира, но претпоставка е дека францускиот магазин има инсајдерски извори врз основа на кои настана компјутерската илустрација на можниот изглед на следниот „Дастер“.

Рендерот што го објави во своето печатено издание покажува дека автомобилот ќе има помодерен дизајн што вклучува целосно нов изглед на фаровите, маската на ладилникот и предниот браник.

„Ауто Плус“ пишува и дека втората генерација ќе има посовремена командна табла и што е уште поважно унапредени безбедносни системи.

Деталите за моторите не се наведени, но се очекува новиот „Дастер“ во понудата да ги заддржи 1.5 дЦи дизел единицата и неодамна воведениот 1.2-литарски турбо-бензински ТЦе.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска