Во Монтереј за една недела на аукции продадени класични автомобили за 400 милиони долари

Од:

Богатите колекционери на ретки и скапоцени класични автомобили, кои учествуваа на аукциите на годинешната манифестација „Classic Car Week“ во Монтереј, не жалеа пари за да дојдат до својот омилен автомобил.

Како и секоја година, во ова калифорниско градче се собраа бројни љубители на ексклузивните автомобили. Додека повеќето можеа само страдалнички да гледаат во недостижните експонати, оние малубројните, со многу длабок џеб, добро испазарија.

Јагуар

За неколку дена на аукциите се потрошени 390 милиони долари или просечно по 500.000 долари по продаден примерок.

Како што пишува „Монтереј хералд“, од сите скапоцени автомобили што во текот на една година се продадат на аукциите ширум светот, дури 40 отсто новиот сопственик го добиваат токму во овој град.

Иако не ја надмина сумата од 402,6 милиони долари, колку што беа потрошени на истата манифестација во 2014 година, и овој август пооделни примероци достигнаа цени од кои ќе Ви се заврти во главата.
Најскапиот меѓу нив, „Феррари 250 ЛМ Купе“, беше продаден за дури 17,6 милиони долари, додека новиот сопственик на „Мекларен Ф1 ЛМ“ од 1998 година за овој автомобил издвои 13,75 милиони долари.

Од 10 најскапи автомобили, седум се класични модели на „Ферари“ – пет примероци се „250 ГТ“, еден е „250 ЛМ Купе“ и еден е „275 С/340“.

Најевтиниот меѓу првите десет беше „Ферари 275 С/340“ што на аукцијата достигна цена од „само“ осум милиони долари.

Покрај споменатиот „Мекларен“, листата од 10 најскапи ја заокружија „Jaguar C-Type Lightweight Roadster“ од 1953 година и „Порше 956 Купе“ од 1982 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска