Во Маврово ќе се одржи 13.аматерски хуманитарен велеслалом

Од:

Престојниот викенд на терените на Бистра ќе се одржи 13-тиот хуманитарен аматерски велесалалом, а собраните парични средства ќе се донираат за параолимпијците кои летово ќе учествуваат на Олимписките игри во Лос Анѓелес, САД.

Од Ски Центарот „Заре Лазарески” од Маврово, кои и годинава се домаќини на овој настан, велат дека покрај дружењето, хуманоста на скијачите аматери ќе биде во прв план.

– Донацијата од овогодинешната хуманитарна активност ќе им помогне на нашите атлети од Специјалната Олимпијада да ја добијат потребната поддршка за да ги бранат боите на Македонија. Нашата земја доби квота од 26 учесници што е голем предизвик за да се обезбедат поквалитетни подготовки, учество и резултати на овие Летни Олимписки игри. Ние ќе придонесеме за собирање на 65. 000 евра, колку што се потребни за оваа намена, информираат од организациониот одбор на хуманитарниот велелслалом.

На годинешниот хуманитарен аматерски велеслалом во Маврово, натпреварувачите треба да бидат во тимови од по 3-ца скијачи, во машка или женска конкуренција. Котизацијата за учество на еден тим изнесува 12.000 денари. Средствата се уплаќаат директно на сметката на корисникот на хуманитариот пакет.

Годинава на Олимписките игри, ќе бидат најмасовни, со учество на над 7.000 спортисти од 177 земји, кои ќе се натпреваруваат во 25 олимписки спортови.

Би можело да ве интересира

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка со две мали мечиња снимени на пат во Маврово

Катерина Ѓуровски

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска