Од денеска до сабота во Крушево се одржува Полско спортско првенство во летање со параглајдер. На првенството учествуваат околу 70 параглајдеристи од Полска, Словачка, Чешка, од Кина, Русија и од Индија.
Според Игор Тодевски од крушевскиот „Хели“ клуб кој со крушевската локална смаоуправа се логистичка поддршка на првенството, денеска денот во летање со параглајдер поминал одлично.
– Денот беше добар за летање од полетувалиштето на Мечки Камен. Времето им одговараше на параглајдеристите. првенството е до сабота кога ќе бидат прогласени најдобрите, рече Тодевски.
Ова е всушност неофицијален почеток на сезоната на повеќе меѓународни првенства кои ќе се одржуваат во јули и во август во Крушево.
– Веќе на 8 јули, в недела, почува Светското првенство во змејарство, односно во летање со делта-планери. Ќе учествуваат околу 120 спортисти од 30-ина земји од светот. Првенството ќе трае до 21 јули. Деновиве го отворивме и Инфо-параглајдинг центарот во Крушево и сите информации за гостите, спортистите и посетителите на ЗКрушево може да се најдат преку Центарот, вели Тодевски.