Во Кисела Вода се одржа турнир во Баскет 3×3

Од:

Со поддршка од Општина Кисела Вода, а во организација на КК „Ангели“ од Кисела Вода, во спортската сала „Независна Македонија“, изминатите три дена (петок, сабота и недела) се одржа Баскет 3×3 турнир, на кој учествуваа три возрасни категории, младинци, сениори и ветерани.

Во младинска конкуренција учествуваа шест екипи и се одиграа седум натпревари. На финалниот натпревар силите на теренот ги одмерија младинските екипи на КК „Ангели“ и КК „Вардар“. Победник на овој натпревар беше екипата на КК „Ангели“.

Во сениорска конкуренција учествуваа 9 екипи од цела држава и се одиграа 12 натпревари. Во финалето се пласираа екипите на „Dust“ и „Terminatori“. На овој натпревар победи екипата на „Dust“.

Кај ветераните учествуваа три екипи. Во оваа категорија, во финалето победи екипата на Кисела Вода. За најдобрите учесници и освојувачи на турнирот, кошаркарскиот клуб „Ангели“ заедно со Општина Кисела Вода додели ваучери во вредност од 50.000,00 ден. и други награди. На победниците пехарите и ваучерите и ги додели градоначалникот Филип Темелковски.

Би можело да ве интересира

Евролигата ги објави кандидатите за МВП титулата: Реал има еден претставник

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Втора сезона од зимската баскет 3×3 лига

А1он

Утре втор турнир во зимската „3×3“ баскет лига

Ана Ололовска

Утре почнува зимската „3×3“ баскет лига

Ана Ололовска

Србија европски шампион во баскет 3х3

Ана Ололовска