Во јуни промоцијата на рестилизираниот „Пежо 508“

Од:

Компанијата „Пежо“ наскоро ќе го претстави освежениот модел „508“, а на интернет веќе се појави првата фотографија што нуди увид во новиот дизајн на оваа лимузина.

„Пежо 508“ ќе има помала маска на ладилникот, но затоа нејзината хромирана рамка ќе биде понагласена отколку до сега.

Автомобилот ќе има и поинаков браник, светла за магла и реобликувани фарови, според угледот на кросоверот од 2008 година.

На фотографијата се забележува и дека амблемот на францускиот производител е преместен од врвот на хаубата на централниот дел од маската на ладилникот.

Незначителни промени во дизајнот, пред се, на стоп светлата можат  да се очекуваат и на задниот дел од автомобилот.

Се уште не е познато во која мера „Пежо“ ќе ја редизајнира внатрашноста на „508-ката“ и дали некои команди, како што е тоа случајот кај новата генерација од моделот „308“, ќе бидат вградени во мултимедијалниот систем.

Освежениот „Пежо 508“ треба да добие и нови погонски единици, како  поекономичните 1.6 и 2.0-литарски Blue HD дизел мотори, а се споменува и 1.2 e-THP бензинeц.

Се очекува „Пежо“ рестилизираниот „508“ да го претстави во  јуни, кога ќе бидат познат и официјалните детали.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска