Во Израел повеќе од 500 навивачи го опколија хотелот во кој се наоѓа аргентинската репрезентација

Од:

Во пресрет на вечерашниот фудбалски пријателски натпревар меѓу Аргентина и Уругвај, повеќе од 500 навивачи буквално го опколија хотелот во Тел Авив кој се сместени „гаучосите“.

Израелските медиуми доаѓањето на Лионел Меси во земјата го најавија како пристигнување на фудбалскиот бог во земјата на Ветениот.

Полицијата и редарите успеаја да го задржат притисокот на толпата која се обидуваше да влезе во хотелот за одблиску да ги виде фудбалските ѕвезди. Двете екипи ги чуваат стотици полицајци и безбедносни лица. На самиот натпревар за редот ќе се грижат 200 полицајци, вклучувајќи две единици на специјалните сили и над 450 редари.

Во страв од навивачите да истрчаат на теренот, организаторите имаат намера да постават жив безбедносен штит околу целиот периметар на теренот.

Натпреварот се игра во Тел Авив вечер со почеток во 20:15 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Парагвај ја изненади Аргентина, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

А1он

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски