Во драматична завршница Црвена Звезда ја совлада Мега

Од:

Во дербито на колото шампионот на АБА лигата Црвена Звезда синоќа по продолжение го совлада тимот на Мега Лекс со 79:78 (69:69).

Ова за Црвена Звезда беше 11.та победа, колку што има и Цедевита или една помалку од лидерот Будуќност.

Мајк Цирбес со 20 поени беше најефикасен кај победникот, додека Стефан Јовиќ на две секунди пред крајот од продолжението реализираше едно слободно фрлање што беше доволно за триумф.

Резултати од другите средби од 14.коло:

МЗТ Скопје Аеродром – Олимпија 81:62,
Сутјеска – Тајфун 51:60,
Крка – Будуќност 78:84,
Цибона – Задар 74:65,
Игокеа – Цедевита 86:91,
Партизан – Металац 81:70.

Табела: Будуќност 12-2 (победи-порази), Црвена Звезда 11-3, Цедевита 11-3, Мега Лекс 9-5, Тајфун 7-7, Задар 7-7, Партизан 6-8, Крка 6-8, МЗТ Скопје Аеродром 5-9, Игокеа 5-9, Олимпија 5-9, Цибона 5-9, Металац 5-9, Сутјеска 4-10.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос