Во тешка сообраќајна несреќа трагично загинаа двајца босански фудбалери од клубот Слога, Неџад Мујагиќ и Аднан Фајиќ.
Во возилото биле пет фудбалери на овој клуб. Автомобилот со кој патувале „излетал“ од патот до мостот во Босанска Отока и се превртел.
Тројцата успеале да се спасат и да излезат од автомобилот. Мујагиќ и Фајиќ останале заглавени, а по нивните тела се трага.