Македонскиот репрезентативец Владо Илиевски е на чекор до нов шампионски трофеј.
Тој со својата екипа Чез Нимбурк веќе има предност од 2:0 во дуелите со тимот Простејов во финалето на чешкиот шампионат.
Чез Нимбрук до втората победа стигна со триумфот на гостински терен со 80:66.
Илиевски во двата на двата финални натпревари беше еден од најдобрите поединци, а досега има просек од 10 поени, 4,5 асистенции и 4 скокови по натпревар.
Веќе во следниот натпревар (28 мај) кој ќе го играат пред своите симпатизери кошаркарите на Чез Нимбрук ќе имаат можност да ја освојат шампионската титула, која ќе биде 11-та по ред.
За Владо Илиевски тоа би било четврти шампионски трофеј со екипа од различна земја. Тој досега во богатата кариера беше првак во три земји, во Словенија со Олимпија, со Барселона во Шпанија и во Италија со Монтепаски.