Украинецот Владимир Кличко и Американецот Флојд Мејведер се најзвучните нови имиња кои влегуваат во Меѓународната боксерска „Куќа на славните“. Со ова Владимир Кличко ќе се најде покрај постариот брат Виталиј, кој во 2018 година стана првиот украински боксер во Куќата на славните
Кличко го држи рекордот на најдолг престој на светскиот трон, откако титулата светски првак во тешка категорија беше во негова сопственост цели 12 години и два дена.
Флојд Мејведер зад себе има кариера со 50 побед, нути еден пораз како и 11 светски титули во различни категории.
Меѓу оние, кои ќе влезат во „Куќата на славни“ на свечената церемонија што ќе се одржи следната година, е и Лејла Али, ќерката на боксерската легенда Мухамед Али, која е непоразена во 24 професионални борби.