По повод Денот на Европа – 9. Мај, под покровителство на Град Скопје, Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт, на 10 следниот месец ќе се одржи традиционалниот „Виз Ер Скопски маратон“.
За подобра промоција и информираност за маратонот, три дена пред почетокот, ќе се одржи саем, традиционална манифестација во секоја светска метропола каде што се трча маратонот. Оваа година главниот спознор Виз Ер, доделува бесплатен ваучер на сите учесници на маратонот во износ од 20 евра, кој може да се искористи преку wizzair.com.
Претпоследниот, односно втор рок за пријавување и плаќање за Виз Ер Скопски маратон е до 10-ти април. Цените за пријавување кои важат до 10-ти април се: 300 денари за трката на 5 километри, 850 денари за маратонската и полумаратонската трка, 3.000 денари за екипа на учество на штафетниот маратон. По тој датум цените се зголемуваат, а поради пополнување на предвидениот број на учесници пријавувањето може да биде и затворено пред последниот предвиден рок за тоа, 4 мај. Пријавувањето се врши преку веб старната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.
Во рамки на Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи и Државното првенство на Македонија во маратон. Новитет е штафетниот маратон за кој постои голем интерес. По пат на лотарија, двајца македонски натпреварувачи/ки ќе имаат можност да трчаат на Њујорк маратонот, кој ќе се одржи на 11 ноември годинава, со кој Виз Ер Скопски маратон оствари соработка, соопшти службата за информирање на „Виз ер“.