Виталиј Кличко примен во болница

Од:

Легендарниот светски шампион во тешка категорија и градоначалник на Киев, Виталиј Кличко беше примен во болница. Тој беше хоспитализиран на клиниката во австрискиот град Св. Јохан во Тирол. Според информациите, поголемиот од браќата Кличко влегол во здравствената установа на 26 јануари по Светскиот економски форум во Давос, на кој Виталиј учествуваше.

– Виталиј Кличко помина прегледи и рехабилитација во Австрија. Причината е влошување на една стара повреда во грбот на боксерот. Немаше хируршка интервенција, рече прес-секретарот на Кличко, Оксана Зиновиева.

Виталиј Кличко доби повреда на грбот во 2007 година, кога се подготвуваше за своето враќање во боксот. Тој мораше да се бори со Американецот Џамил Меклејн во Минхен, Германија, но натпреварот беше откажан, а легендарниот Украинец претрпе операција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

Анџела да го напушти рингот и да му ја предаде борбата на својот ривал, за кој инсинуира дека е маж

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ