На четирите натпревари од 7. коло од ТОП 16 фазата на кошаркарската Евролига, одиграни синоќа, домашните екипи постигнаа три високи победи, додека единствено европскиот шампион Реал Мадрид се радуваше на гостински триумф.
Победи дома остварија: Црвена Звезда, Фенербахче и Лаборал. Ова за Фенербахче беше седма победа и е единствената екипа со максимални седум победи.
Двојки на дуелите од 7.коло: Е група: Црвена Звезда – Цедевита 94:74, Фенербахче – Малага 80:59. Локомотив Кубан – Дарушафака и Панатинаикос – Анадолу Ефес играат вечерва).
Табела: Фенербахче 7-0 (победи-порази), Локомотив Кубан 4-2, Црвена Звезда 4-3, Анадолу Ефес 3-3, Панатинаикос 3-3, Уникаха 2-5, Цедевита 2-5, Дарушафака 1-5.
Ф група: Химки – Реал Мадрид 82:93, Лаборал – Бамберг 90:64. ЦСКА Москва – Олимпијакос и Барселона – Жалгирис играат вечерва.
Табела: Лаборал 5-2, ЦСКА Москва 4-2, Химки 4-3, Реал Мадрид 4-3, Олимпијакос 3-3, Бамберг 3-4, Барселона 2-4, Жалгирис 1-5.