Симона Халеп и Енжин Бушар ја формираа втората полуфинална двојка во женска конкуренција на неофицијалното Светско тениско првенство Вимблдон.
Во четвтфиналните натпревари одиграни попладнево, најнапред 3-носителка на турнирот Симона Халеп од Романија во два сета ја победи (19-носителка) Сабине Лисицки од Германија со 2:0, откако во првиот сет на противничката и препушти четири гема, вториот сет Романката го доби без загубен гем (6:4 и 6:0).
Нејзината противника во полуфиналето (13) Енжин Бушар од Канада исто така одигра два сета во дуелот против (9) Анџелик Кербер од Германија кои ги доби со 6:3 и 6:4.
Во првото полуфиналето ќе играат чешките тенисерки (6-носителка) Петра Квитова и (23) Луси Сафарова.