Виља се откажа од Еуро 2012

Од:

Напаѓачот на шпанската фудбалска репрезентација и Барселона, Давид Виља се откажа од настапот на Европскот првенство во Полска и Украина поради повреда на ногата.

Давид Виља ја скрши ногата во полуфиналниот натпревар од Светското клупско фудбалско првенство во Јокохама. Уште тогаш, многумина прогнозираа дека нема да може да настапи на Еуро 2012.

Сепак, шпанскиот селектор Винсенте дел Боске се надеваше дека Виља ќе се опорави и ќе може да настапи за репрезентацијата, но фудбалерот самиот ја донесе одлуката.

Давид Виља со 51 гол е најдобриот стрелец во историјата на шпанската фудбалска репрезентација. Во Барселона дојде пред две ипол години од Валенсија за 40 милиони евра, со годишна плата од седум милиони евра. Во 75-те натпревари на коишто настапи во дресот на каталонскиот гигант постигна 32 гола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска