Членот на Црвена ѕвезда, Маркус Вилијамс влезе во историјата на Евролигата, откако синоќа на дуелот против Галатасарај во Истанбул во 6. коло, го собори рекордот по број на асистенции на еден дуел. Тој забележа 17 асистенции, со што постави нов рекорд во најквалитетното европско клупско кошаркарско натпреварување.
Досегашниот рекорд по број на додавања исто така беше сопственост на Американец, Џон Линехан пред три сезони успеа да стигне до 15 асистенции во дресот на Нанси.
Во ТОП 5 во категоријата асистенции во Евролигата ушет се наоѓаат: Тео Папаукас (14 асистенции 2009. Олимпијакос), Едни Тајс (14 асистенции 2004. Бенетон) и Вуле Адаловиќ (13 асистенции 2010. Шоле).
Вторпат сезонава се соборува рекордот во Евролигата. Претходно, кошаркарот на Фенербахче, Ендрју Гудалок постигна 10 тројки од 13 обиди и стана рекордер во оваа категорија.