Вилијамс призна дека нивниот нов болид има проблеми со стабилноста при влегувањето во свиоците.
Тоа е првиот Вилијамс, кој работи со погонска единица на Мерцедес (FW41), создаден од самиот почеток од техничкиот директор Педи Лоу, и бележи сериозна промена во концептот во споредба со претходните автомобили.
Лоу вели дека проблемите за кои се зборува треба да се отстранат по Барселона.
– Искрено, стабилноста на свиоците е многу распространет проблем, но работите се потешки за нас, вели техничкиот директор.
Тој додаде дека ако успеат да го направат ова, тие ќе можат да запишат подобри времиња во обиколките, бидејќи другите аспекти на автомобилот функционираат многу добро. Лоу, исто така, објасни дека проблемите не се должат само на еден фактор, и дека е нормално да ги имаат кога тимот ќе преземе нов пат на развој на болидот.
– Имаше многу големи промени како во развојниот тим, така и во самиот болид. Може и да одземе време за развој и усовршување во текот на сезоната, па дури и следната, смета тој.
Сепак, Педи Лоу покажа целосна доверба во способностите на неговиот тим.