Вилијамс и Кербер финалистки во Стенфорд

Од:

Американката Серена Вилијамс и Германката Анџелик Кербер ќе се борат за трофејот на тенискиот турнир во Стенфорд, Калифорнија.

Најдобрата светска тенисерка во полуфиналето извојува лесна победа во два сета против Андреа Петковиќ (Германија) со 7:5 и 6:0. Вилијамс во првиот сет пропушти дури пет брејк-топки, но во вториот не и дозволи ниту еден гем на германската тенисерка.

Кербер во втората американско – германска пресметка ја совлада Варвара Лепченко со 2:1 во сетови 4:6, 7:6 и 6:2. Лепченко во вториот сет имаше меч-топка, но не ја реализира.

Финалето на ВТА турнирот во Стенфорд ќе биде шести меѓусебен меч за двете тенисерки. Во досегашните пет Вилијамс води со 4:1 во победи.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров