Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс упати апел до младите играчи никогаш да не се откажуваат и да бидат упорни за еден ден да станат шампиони.
Вилијамс денеска во финалето на Австралија Опен ја совлада Марија Шарапова со 2-0 во сетови и ја освои 19. Грен слем титула во својата кариера, а шеста во Мелбурн.
– Кога пораснав не ни беше најсјајна ситуацијата во семејството. Поминавме низ тешки моменти. На тренинзи одев со топче, рекет и надеж, тоа беше се што имав. Факт што стигнав до 19 титули на големите турнири, покажува дека никогаш не треба да се откажуваме и дека чуда се можни. Горда сум што денес тука го кревам овој трофеј, рече Вилијамс по финалниот меч.
Таа и честиташе на Шарапова за добрата игра во финалето.
– Марија играше одлично. Ме принуди да дадам максимум. Се надевам дека на публиката и овозможивме уживање, додаде Американката.