Вилаш-Боаш предложи да се отстрани бројот 10 од оптек во сите тимови во спомен на Марадона

Од:

Тренерот на Марсеј, Андре Вилаш-Боаш предложи начин да се овековечи споменот на починатиот поранешен аргентински репрезентативец Диего Марадона.

– Смртта на Марадона е многу лоша вест. Тешки вести. Би сакал ФИФА да го повлече бројот 10 од оптек на сите турнири, во сите екипи. Ова би била најголемата чест што би можеле да ја дадеме. Смртта на Марадона е неверојатна загуба за светскиот фудбал, рече Вилаш-Боаш.

„Десетката“ веќе е повлечена од оптек во Наполи, каде Марадона играше од 1984 до 1991 година и му донесе титули на клубот.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он