(ВИДЕО) Жестоки инциденти го одлучија кошаркарскиот шампион на Црна Гора

Од:

Неславен крај имаше кошаркарското првенство на Црна Гора, во кое Будуќност ја одбрани шампионската титула.

Имено, четвртиот меч од финалната серија помеѓу Сутјеска и Будуќност кој се одигра во Никшиќ не го дожиева својот крај откако домашните навивачи предизвикаа тежок инцидент, најпрвин со столици започнале да фрлат по гостинските играчи, а потоа се обиделе и физички да се пресметаат со нив.

Поради неколку инциденти мечот бил во прекин 30 минути, а дефинитовно е прекинат во 28.минута. На прекинот му претходел ввербален дуел помеѓу Немања Врањеш (Сутјеска) и Омар Кук (Будуќност).

Поради прекинот натпреварот е регистриран со службен резултат 0:20 за Будуќност. Тимот од Подгорица финалната серија ја доби со 3-1.

По скандалот клубот од Никшиќ се огласи со соопштение во кое ги осуди инцидентите и однесувањето на навивачите, кое како што се вели ’фрлило дамка врз извонредната сезона на клубот’.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос