ВИДЕО: Застрашувачки момент во Мадрид, фудбалерот на Атлетико Дембеле падна во несвест за време на тренинг

Од:

Фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Атлетико Мадрид денеска беа шокирани кога за време на загревањето пред тренингот, нивниот соиграч, Французинот Муса Дембеле, колабираше на теренот.

На снимката од застрашувачкиот момент, се гледа како Дембеле наеднаш падна на тревата, останувајќи легнат на грбот, во бессознание. Видеото, кое може да биде вознемирувачко за дел од публиката, покажува како исплашените соиграчи се обидуваат да му помогнат на Дембеле.

Според извештаите, откако лекарската екипа на клубот му пружила прва помош, фудбалерот се освестил и бил во состојба самиот да го напушти теренот, по што бил итно пренесен во болница.

Иако досега немаше официјални информации околу типот на здравствен проблем со кој се соочил францускиот фудбалер, Дембеле подоцна беше снимен како излегува од болницата со насмевка на лицето, што сугерира дека во прашање не било ништо сериозно, пишуваат шпанските медиуми.

Францускиот фудбалер досега настапи на четири средби за Атлетико, откако му се придружи на шпанскиот клуб во јануари, на заем од Лион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја