На поранешкиот светски првак во бокс Мајк Тајсон, чилеанските власти му забранија влез во земјата и тој со првиот авион ќе биде вратен во САД.
Чилеанската полиција соопшти дека Тајснон не ги исполнува условите за влез во земјата поради неговите кривични дела.
Истражната служба на чилеанската полиција (ПДИ), пандан на американскиот ФБИ, има право да забрани влез во Чиле на странците, кои во своите земји биле под истрага за каков било случај или пак биле осудувани.