(ВИДЕО) Во Аргентина: Се степаа хулигани и полицијата, се спасуваа деца од стадион

Од:

Натпреварот од аргентинскиот Лига куп помеѓу Годој Круз и Белграно беше во прекин на половина час поради дивеењето на хулиганите надвор од стадионот. Нередот потоа се прошири и на трибините. Навивачите на домашниот тим Годај Круз кои немаа билети за натпреварот и полицијата се судрија, а во обид да ги спречат да влезат на трибините полицајците испукаа гумени куршуми и фрлаа кон нив солзавец и шок бомби, по што ситуацијата стана уште поинтензивна.

Поради силниот ветер солзавецот беше пренесен на трибините каде ситуацијата стана драматична. Навивачите побегнаа од трибините, владееше општа паника, а единствен начин да се излезе од трибините беше преку „жицата“ на стадионот. Некои почнаа да скокаат од трибините, а пожарникарите ги спречија, а само со чиста среќа беше избегната трагедија.

Во еден момент најсвесните навивачи почнаа да спасуваат деца и бебиња кои верувале или не беа на трибините со најжестоките поддржувачи. Во целиот настан нема жртви, а мечот беше прекинат на половина час, по што продолжи. Мечот заврши без голови.

Би можело да ве интересира

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Велешанка заврши во притвор-истепала дете и фрлала камења по него

Предраг Петровиќ

Жена истепала продавачка во центарот на Скопје

Тепачка во средно училиште, се истепале двајца малолетници

(ВИДЕО) Општа тепачка на боксерски турнир: Летаа столици, повредени се и болничарите

Горан Наумовски