ВИДЕО: Владимир Кличко ја одбрани титулата пред Сталоне

Од:

Владимир Кличко и понатаму е неприкосновен во боксот, неговиот предизвикувач Мариуш Вах не успеа да го совлада и да му ја одзем титулата.

Поточно, 12 рунди Украинецот безмилосно и жестоко го удираше со аперкати и директи, сепак, ја одби можноста да биде нокаутиран или да падне на рингот и искрено го мачеше првакот.

Спектаклот во Хамбург започнаа со појавувањето на Силвестер Сталоне, пред околу 15.000 илјади Германци кои се собраа во салата и му дадоа огромен аплауз.

Познатиот „Роки Балбоа“ беше задоволен од конечниот епилог кој пред вечерашниот меч навиваше токму за Кличко.

Започнувајќи од првата секунда на борбата, Вах почна агресивно, но налета на уште поагресивниот Кличко, кој фантастично се движеше и доминираше на рингот.

Во секој случај, Кличко едноставно не го оставаше да дише неговиот предизвикувач се до петтата рунда кога Вах прикажа неколку моќни удари кон шампионот. Но, наскоро, после тоа дојде одмазда. Кличко од петтата се до последната рунда, доминираше над Полјакот кој беше храбар и едноставно одбиваше да падне или да се предаде.

Сепак, резултатите од судиите (120:107 – 120:107 и 119:109) покажаа дека Украинецот останува светски шампион во четирите верзии (ВБА , ИБФ, ВБО и ИБО), додека за Вах ова беше прв пораз и прекин на неговиот победнички ритам од 28 победи по ред.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

Анџела да го напушти рингот и да му ја предаде борбата на својот ривал, за кој инсинуира дека е маж

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ