(ВИДЕО) Вестбрук вербално нападна фан во Јута: Нема да трпам непочитување кон мене и моето семејство

Од:

Суперѕвездата на Оклахома Сити и НБА, Расел Вестбрук, може да има проблеми откако му се заканил на навивач и на неговата сопруга при победатанад Јута со 98:89.

Дуелот беше одигран во Солт Лејк Сити, а бекот се налутил на реплика од трибините во втората четвртина и упати навреди и закани за 45-годишниот Шејн Кејзел.

– Јас нема да трпам непочитување кон мене и моето семејство. Нешто мора да се направи. Луѓето не можат да дојдат на натпреварите и да зборуваат што сакаат. Ова важи не само за мене, туку за сите играчи. Мора да има последици за такви навивачи, и ако се случи повторно, ќе реагирам на ист начин, рече Вестбрук, кој заврши со 23 поени и 11 скокови во натпреварот.

Но, Кејзел негираше дека го навредил кошаркарот и не кажал ништо, што би покажало непочитување.

– Се започна на шега, кога му дофрлив да си стави мраз на колена, и тој одеднаш се полуде. При тоа мојата сопруга ништо не му кажа. Не се плашам од него. Но, кога се закануваш на жена, тогаш си голем човек, и тоа мора да се знае, рече тој.

Истрагата продолжува.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он