(ВИДЕО) Ужасни сцени во Формула 1, трката прекината: Оган го проголта болидот, Грожан успеа жив да излезе

Од:

Возачот на Формула 1 тимот Хас, Ромен Грожан, остана жив по денешниот голем инцидент на трката за Големата награда на Бахреин.

Несреќата се случи веднаш по стартот кога болидот на Грожан по само неколку стотина извозени метри имаше контакт со некој од конкурентите по што изгуби контрола излета од патеката и удри во заштитната ограда.

По ударот се случи голема експлозија, болидот на Хас буквално се преполови, а за голема среќа, Грожан успеа жив да излезе и да ја прескокне оградата со помош на неколку од редарите.

Сите болиди беа насочени во боксот, а Грожан со медицинско возило е однесен во болница на понатамошни испитувања.

Според последните информации, трката која почна во 15:10 часот е прекината најмалку 45 минути.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур