Веројатно најчудниот автогол што ќе може да се види оваа сезона на српските фудбалски терени, е виден во Врање, каде во рамките на Првата српска фудбалска лига, домаќинот Динамо денеска го пречека Железничар од Панчево.
Голманот на Динамо Врање Мирослав Орлиќ, во само неколку секунди се претвори од јунак, во трагичар на средбата. Тој прво имаше една одлична интервенција и спаси сигурен гол, за веднаш потоа, при обид да ја исфрли топката, да направи комичен кикс што заслужува да се погледне неколку пати.
Dinamo Vranje goalkeeper Miroslav Orlic makes a great save and then scores a very unfortunate own goal. pic.twitter.com/ZnV3QQTGON
— Serbian Football (@SerbianFooty) October 12, 2020
За среќа на голманот на домашните, неговиот неславен потег не влијаеше директно на резултатот, а домаќинот мечот го доби со 3:1.