ВИДЕО: Турбофолкот го освојува светот – по Ибрахимовиќ во Италија, и Дончиќ во САД прослави со „кирилица“

Од:

Ѕвездата на НБА лигата, словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, стана уште еден познат спортист по потекло од овие простори, кој своите спортски успеси ги прослави со балканска музика.

По синоќешната победа на неговиот Далас против Бостон (113:108), во која Дончиќ беше клучниот актер со 36 поени, осум скокови и пет асистенции, 22-годишниот Словенец објави краток видеоклип на кој се слуша песната на српската пејачка Вера Матовиќ, „Мики, Милане“.

Дончиќ е познат љубител на „кирилицата“, а на американските медиуми им беше посебно интересно „орцето“ што го заиграа со неговиот соиграч, Србинот Бобан Марјановиќ, за време на загревањето пред еден неодамнешен натпревар, исто така против Бостон Селтикс.

Неодамна, фолк музиката од овие простори го имаше своето прво и веројатно последно претставување на познатиот италијански фестивал „Сан Ремо“. Златан Ибрахимовиќ, кој беше специјален гостин на фестивалот, одбра да се појави на сцената со хитот на Нада Топчагиќ „Јутро је“, комплетно збунувајќи ги присутните Италијанци, како и оние крај малите екрани.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он