ВИДЕО: Сто години од првата монтажна лента на „Форд“

Од:

„Форд“ ја прославува стогодишнината од првата подвижна монтажна лента што ја унапреди автомобилската индустрија и отвори нови можности за сериско производство на автомобили.

Првата подвижна лента во автоиндустријата била пуштена во погон на 1 декември 1913 година во фабриката на „Форд“ во Хajланд Парк, а била развиена за потребите на побрзото и поефикасно производство на славниот „Модел Т“.

На тој начин, постапката на составување на 3.000 делови од овој автомобил во една целина била поедноставена и поделена во 84 одвоени чекори.

Благодарение на воведувањето на подвижната монтажна лента ремето потребно за изработка на едно возило било скратено од дотогашните 12 часа на само 90 минути, а цената на „Моделот Т“ опаднала д 850 на 300 долари, со што втомобилот станал масовно достапен.

Производството растично пораснало, па а крајот „Форд“ почнал да произведува по eден „Модел Т“ на секои 24 секунди.

До 1927 година биле продаденик 27 милиони примероци што во тој момент претставувало половина од вкупниот број продадени автомобили во целиот свет. „Форд“ јубилејот го искористи и да ги објави плановите за натамошен развој на компанијата.

Планот е до 2017 година компанијата да го зголеми производството за 30 отсто, а овој американски производител планира 90 отсто од капацитетите во фабриките ширум светот да бидат во функција 24 часа дневно. За истата година зацртана цел е и сите модели на „Форд“ да бидат темелени на девет глобални платформи, со што дополнително ќе се зголеми ефикасноста во производството.

„Фордовите“ автомобили денес се темелат на 15 различни механички платформи. Предвидено е во текот на оваа година од производните линии на „Форд“ да се симнат вкупно шест милиони возила, што одговара на производство од околу 16 автомобили секоја минута.

 

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска