На пријателскиотнатпревар во кошрка помеѓу Србија и Франција во Париз, малку недостасуваше да дојде до сериозна тепачка.
Се судрија Нандо де Коло и Никола Јокиќ, а потоа влета и Алексис Ажинса и го турна кошаркарот на Денвер на паркетот. За среќа, останатите останаа прибрани и спречија поголема тепачка.
Се се случи во третиот дел од мечот, во кој Србите беа револтирани со судиските одлуки, по што беа исклучени уште Милош Теодосиќ и селекторот Александар Ѓорѓевиќ.
Мечот заврши со победа за Србија со 79:77 (17:21, 17:19, 21:22, 24:14)