Автопаркот „СБХ Ројал Ауто Галери“ во Абу Даби е неизбежна станица за вистинските љубители на спортски возила кои го посетуваат градот.
Абу Даби е познат по тематскиот парк „Ферари Ворлд“, но малкумина знаат за една од најбогатите приватни колекции на спортски автомобили на светот.
Станува збор за 37 скапоцени и ретки спортски модели што се во сопственост на шеикот Султан.
Таму на едно место можат да се видат најновите „Ламборџини Сентенарио“, „Ферари Ла-Ферари Аперта“ и „Бугати Чирон“, но и постари генерации.