ВИДЕО: Се појавија нови снимки од тепачката на навивачте на Динамо и АЕК

Од:

Грчки симпатизер на атинскиот фудбалски клуб АЕК е убиен со нож при тепачка со навивачите на Динамо Загреб и Панатинаикос од Атина кои се во добри односи со Бад Блу Бојс. Најмалку шест лица се повредени во навивачки пресметки пред првиот натпревар од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите, што требаше да се одигра вечерва во 20:45 часот на стадионот на АЕК, но по убиството беше одложен.

Грчките медиуми јавуваат дека брзата помош го префрлила младиот човек во болница, каде лекарите се бореле да му го спасат животот. Тој беше придружуван од неколку повредени навивачи, додека шестмина од нив беа „во очај, се држеа за лицата и постојано разговараа на телефон“, чекајќи да видат што ќе се случи со член на нивната група, наведува Газета.

Сега се појавија нови снимки од навивачкиот конфликт во близина на стадионот на АЕК, на кои се гледа палењето на огнот и стампедото на грчките навивачи и случајни минувачи кои во тој момент беа цел на навивачите на Динамо и Панатинаикос.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон