Кошаркарот на ЦСКА Москва, Алексеј Швед, беше нападнат од хулигани во главниот град на Русија.
По хоспитализацијата и престојот во болница, лекарите му дијагностицираа на Алексеј Швед фрактура на черепот и губење на меморијата.
Според лекарот, Алексеј Швед се здобил со повреди опасни по живот – фрактура на темпорална коска, отворена краниоцеребрална повреда, фрактура на основата на черепот и амнезија – губење на меморијата. Ова го пренесува Москва Комсомолец.
— Pluton (@Pluton45873221) May 2, 2023
Инцидентот се случил во еден од рестораните во Москва вечерта на 1 мај. Швед излегол со сопругата и пријателите. Во исто време, во друга хала на ресторанот, се веселеле голема и бучна група луѓе од Кавказ, кои славеа роденден. Конфликтот меѓу двете страни се случил во ходникот на ресторанот.
Швед прво влегол во кавга, а потоа и во конфликт со петмина мажи од Кавказ, кои почнале да го малтретираат. Тие излегле на улица, а потоа вербалниот конфликт прераснал во физички. Се се случило во 23 часот и 15 минути, како што забележале камерите. Кошаркарот бил удрен и паднал на асфалтот, со глава удрил во тротоарот, обилно крварел од главата и увото.
Напаѓачите сакале да го „довршат“ кошаркарот, но на помош дошол персоналот од ресторанот. Наводната група напаѓачи досега не била видена во ресторанот. Полицијата трага по петмина напаѓачи, а Алексеј Швед не бил во алкохолизирана состојба.