Русинката Мира Андрејева, Украинката Елина Свитолина и Италијаката Јасмин Паолини се пласираа во финалето на РГ.
Русинката Андрејева беше доминантна против Американката Пејтон Стернс 6:2, 6:1.
Иако има само 17 години, Андрејева стигна до осминафиналето на третиот различен Грен слем турнир, по Вимблдон и Австралија опен.
Таа е најмладата тенисерка по сонародничката Ана Курњикова, која стигна до најдобрите 16 на три различни подлоги на ГС.
Противничка ќе и биде Французинката Вера Грачева, која со 7:5, 6:3 ја совлада Романката Ирина Камелија Бега.
Украинката, 19. тенисерка во светот, победи по еден час и 31 минута.
Таа одзеде седум пати повеќе од сервисот на романската тенисерка, која направи четири брејка.
Свитолина во осминафиналето ќе игра против четвртата носителка Елена Рибакина од Казахстан, која со 6:4, 6:2 ја совлада Белгијката Елизе Мертенс.
Elina Svitolina is feeling good in Paris ✨#rolandgarros @ElinaSvitolina pic.twitter.com/eE3AClgxm6
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 1, 2024
Паолини по три сета ја победи Канаѓанката Бјанка Андреска, 229. тенисерка во светот со 6:1, 3:6, 6:0.
Италијанката, 15-та во светот, победи по еден час и 36 минути.
Шест пати го одзеде сервисот на противничката која направи два брејка.
Паолини во осминафиналето ќе игра против Русинката Елина Аванесиан која со 3:6, 6:3, 7:6 ја совлада Кинеската Кинвен Жен.