Актуелниот шампион во бокс во тешка категорија Енди Руиз и поранешниот број 1 Ентони Џошуа се сретнаа за прв пат од нивниот натпревар на 1 јуни. Двајцата дадоа прес-конференција пред реваншот на 7 декември во Саудиска Арабија, откако си упатија меѓусебни закани.
– Останува гладот, не сакам само 15 минути слава. Мојата цел е да бидам шампион со години. Да, тоа е глад на двајцата, затоа што сака да си ги врати ремените, но тоа само ме мотивира уште повеќе. Имав само еден месец на располагање пред првиот меч, но сега ќе имам цел камп. Многу луѓе мислат дека не работам напорно, но не е така, рече светскиот шампион Руиз.
?? #RuizJoshua2 pic.twitter.com/3jZd9FvQEg
— DAZN USA (@DAZN_USA) September 4, 2019
Џошуа возврати дека во минатиот натпревар се сретнал со добар противник, но сега влегува во војна за враќање на изгубените титули.
– Јас бев шампион до 1 јуни, исто како што ќе биде со Енди – до 7 декември, кога тој ќе ги постави своите титули. Двајцата одиме во војна, па нека победи подобриот, одговори Џошуа.