ВИДЕО: Ред Бул го промовираше својот прв болид со Хонда мотор

Од:

Ред Бул го претстави својот прв тркачки автомобил во Формула 1, со погонска единица на Хонда. Дизајнот на автомобилот е значително променет во споредба со минатогодишниот, но по според традицијата, тоа нема да биде финалниот дизајн за сезоната 2019. Вистинската боја на „РБ15“ ќе биде откриена најверојатно во понеделник на патеката во Барселона, кога започнува првиот предсезонски тест во Формула 1 за 2019 година.

Четирикратниот шампион кај конструкторите го завршија долгогодишното партнерство со Рено со цел да бидат способни да се борат повторно за светска титула и да ги поразат Мерцедес и Ферари. Тимот направи храбри одлуки да започне со работа со Хонда, во кои гледа напредок, иако Јапонците завршија на последно место во 2018 година кај снабдувачите на мотори.

Иако стави крај на односите со Рено, Ред Бул задржа еден од нивните спонзори – производителот на часовници „Tаг Хојер“, чие лого веќе стои исклучиво пред кокпитот, наместо на носот и до моторот. Логото на „Астон Мартин“, исто така, продолжува да биде на страната на автомобилот и задните крила.

Ред Бул излезе на британската патека „Силверстоун“ со новиот автомобил откако возачите на Мерцедес ја завршија својата работа на патеката. Датумите за премиерите на новите автомобили на двата тима се совпаднаа, а Мерцедес и Ред Бул изјавија желба да направат т.н. „шејкдаун“ со машините на истата патека – „Силверстоун“.

Во видео објавено од Ред Бул, минути пред да биде прикажан новиот автомобил, Макс Верстапен, кој веќе е лидер во тимот, изјави дека не сака да си поставува цели пред првиот круг од сезоната.

– Пред Австралија, вие сте делумно слепи, а пред првиот круг не можете да си поставувате цели, бидејќи сите сме зависни од нашата машина, вели Холанѓанецот.

Со четири победи, сезоната 2018 беше најуспешната за Ред Бул по почетокот на новата турбо хибридна ера во Формула 1, која започна во 2014 година.

Шефот на тимот, Кристијан Хорнер, е убеден дека во 2019 година победите ќе бидат почести.

– Напредокот е очигледна наша цел, сакаме поголема постојаност на сите патеки и поголема моќ отколку минатата година, рече Хорнер.

Пилотите за оваа година ќе бидат Макс Верстапен и Пјер Гасли, кој ќе го замени Даниел Рикардо, кој премина во Рено.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес