По десетти јубилеен пат екипата на Реал Мадрид ја освои титулата шампион на Европа, откако вечерва во Белград го победи Фенербахче со 85:80.
Решавачката предност шпанскиот состав ја направи во третата четвртина која ја доби со 25:15.
Турскиот и досегашен шампион во финишот се обиде да направи резултатски пресврт, се доближи на три поени, но не успеа на крајот да го избегне поразот.
? #CHAMP10NS
? The moment ? pic.twitter.com/1A3hqnzDe6— #CHAMP10NS ?? (@RMBaloncesto) May 20, 2018
Тренерот на Фенербахче остана на девет шампионски трофеи во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување.
Најефикасен играч во победничкиот тим беше Фабиен Козер со 17 поени, Лука Дончич постигна 15.
Кај Фенербахче и воопшто на натпреварот најефикасен играч беше Николо Мели со 28 поени.
Претходно, на завршниот Ф4 турнир од Евролигата во Белград, Жалгирис ја победи ЦСКА Москва со 79:77 во мечот за 3.место.