(ВИДЕО) Реал го искористи киксот на Барса, Мбапе повторно се насмевна

Од:

Фудбалерите на Реал Мадрид на домашен терен го победија Хетафе со 2:0 и му се доближија на најголемиот ривал на само бод.

Избраниците на Карло Анчелоти имаат натпревар помалку од Каталонците и шанса во блиска иднина да му ја зграпчат лидерската позиција на ривалот. Барса помина три кола без победа, двапати беше поразена во тој период и прашање на време беше кога ќе биде загрозено нивното прво место.

Стрелци за Реал попладнево беа Џуд Белингем и Килијан Мбапе.

Англискиот репрезентативец беше и асистент на голот кој Французинот го постигна во 38. минута. Во таа ситуација брилијантно го проигра Мбапе меѓу редовите на одбраната на Хетафе, овој ја прими топката и со многу прецизен удар во далечниот долен агол од голот на Давид Сорија го удвои водството на Мадрид.

Осум минути претходно Белингем го доведе Реал во водство со гол од пенал.

Реал доминираше во првото полувреме во сите елементи на играта, создаваше шанси, напаѓаше, постигна два гола, а потоа веќе го реши прашањето на победникот.

Триумфот можеше да биде далеку поубедлив.

Мбапе не ја искористи најдобрата од 30-те шанси во продолжение – го обиколи голманот Сорија, го имаше само дефанзивецот на гостите на гол-линијата и успеа да промаши.

Реал ќе има корист од оваа победа и подемот на табелата, како и гол за самодоверба за Мбапе, пред многу важните предизвици кои следат, а тоа се четири гостувања во следните десет дена!

Мадрид во Ла Лига ќе се соочи со Билбао и Жирона, потоа со Аталанта во Лигата на шампионите, а на крајот од оваа серија ќе гостува кај Рајо Ваљекано.

Би можело да ве интересира

Анчелоти: Мбапе може да стигне до нивото на Роналдо, но летвичката е поставена многу високо

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он