Домаќин на Летните олимписки игри во 2020 година ќе биде јапонската престолнина Токио, беше решено во саботата навечер на конгресот на Меѓународниот олимписки комитет кој се одржува во Буенос Аирес.
Токио во завршниот круг од гласањето доби повеќе гласови од членовите на МОК од турската метропола Истанбул, па така по вторпат ќе биде домаќин на најдобрите светски спортисти.
Главниот град на Јапонија беше организатор на Олимпијадата во 1964 година. За Истанбул, пак ова беше петта неуспешна кандидатура. Покрај овие дава града, кандидат за домаќин на Олимписките игри 2020 беше и Мадрид, кој испадна во првиот круг од гласањето.