(ВИДЕО) Познатиот фудбалер се сели во музичките води: Го објави својот деби сингл

Од:

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Серхио Рамос (39), ги шокираше фановите објавувајќи дека влегува во музичкиот свет. Легендарниот дефанзивец, кој денес игра за мексиканскиот тим Монтереј, го објави својот деби сингл наречен „Sibeles“.

Насловот на песната „Cibeles“ е референца на мадридскиот плоштад „Плаза де Сибелес“, иконското место каде што Реал Мадрид традиционално ги слави своите најголеми победи. Во музичкото видео што ја придружува песната, Рамос пее држејќи бројаница, додека на екранот се менуваат снимки од неговата богата фудбалска кариера.

Во краткиот клип што го сподели на социјалните мрежи, Рамос пее на шпански, а многу од неговите следбеници се убедени дека текстот е за неговото емотивно заминување од Реал Мадрид во 2020 година.

„Постојат работи што никогаш не ти ги кажав, а кои сè уште болат. Никогаш не сакав да си одам, ти ми рече да летам“, се вели во текстот.

Иако видеото собра повеќе од пет милиони прегледи за помалку од 24 часа, реакциите од фановите беа различни.

„Едвај те разбираме кога зборуваш, а сега почна да пееш“, „Боже, што е ова?“, „Треба да знаеш кога да престанеш да се обидуваш да бидеш главна ѕвезда“, „Ги трошиш парите на ова наместо да им помагаш на оние на кои им е потребна помош. Можеш подобро“, се само дел од коментарите.

Од друга страна, имаше и такви кои го поддржаа Рамос:

„Подготвени сме. Доаѓа најдобрата латино музика.“

Би можело да ве интересира

„Над 100 жени зад воланот: Женско Рели повторно ќе се вози низ улиците на Скопје”

Предраг Петровиќ

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ужас во Хрватска – Американецот заби, кошот падна врз него

Предраг Петровиќ

Формула 1 ги откажува трките поради конфликтот на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

Иранскиот министер за спорт: Нема да играме на Светското првенство во фудбал

А1он

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ