Вечерва е одигран првиот дуел од осминафиналето од Лигата на Европа помеѓу Викторија Плзен и Фенербаче, а солидна предност пред ревашот стекна турскиот тим која славеше со минимални 0:1.
Првото полувреме протече во солидна игра на двете страни иако на моменти гостите од Турција делуваа како поконкретен противник.
После првите 45 минути немаше погодоци, а во продолжението на дуелот се играше нешто слично како и во првиот дел. Гостите најмногу се закануваа преку Кајт и Вебо.
Сепак Фенербахче својата добра игра ја претвори во победа на 10 минути пред крајот од дуелот, а стрелец на погодокот беше камерунскиот напаѓач Вебо.
До крајот на дуелот резултатот не се менуваше и остана 0:1, со што гостите од Турција стекнаа добра предност пред реваншот.
Резултати на одиграните натпреварвари во терминот од 18:00 и 19:00 часот:
Анжи – Њукасл 0:0
Штутгард – Лацио 0:2
Стеауа – Челси 1:0
Плзен – Фенербахче 0:1