(ВИДЕО) Плачеше во живо поради војната во Газа: Тешко е да се гледаат бебиња како умираат секој ден

Од:

Туниската тенисерка Онс Жабер неодамна заплака по освојувањето на турнирот во Канкун. Иако освои награда од милион долари и многу АТП поени, не можеше да ги задржи солзите поради настаните во Појасот Газа и поради војната во Израел. Сега таа повторно проговори за тоа.

„Пораснав со оваа војна. Ова трае со години и се чувствувам како овој пат да има се повеќе и повеќе. Дефинитивно не ми помага емотивно бидејќи сум многу тажна и се чувствувам безнадежно. Само сакам мир и сакам сето ова да заврши. Да имав волшебно стапче како Хари Потер, сега би ставила крај на оваа војна“, изјави за мексиканските медиуми седмата тенисерка на светот.

Таа по победата во Канкун истакна дека и е многу тешко да ги гледа воените сцени кои се појавуваат секој ден. „Многу е тешко да се видат деца и бебиња како умираат секој ден, навистина е потресно.

„Извинете, знам дека треба да зборувам за тенисот, но фрустрирачки е кога ги гледате тие снимки секој ден. Ова не е политичка порака, туку хуманост. Сакам мир во светот и тоа е тоа“, изјави емотивнната Жабер.

Би можело да ве интересира

Бајден потврди дека Израел му понудил примирје на Хамас: Време е оваа војна да заврши

Неверојатна трагедија во Газа: Петмина загинаа од хуманитарен пакет кој падна врз нив

Предраг Петровиќ

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Познати детали за инцидентот во кој израелски војници ги убија заложниците: Вееја бели знамиња

Во израелски напад убиена Палестинката позната по тоа што рече: „Јас сум постара од Израел“.

Предраг Петровиќ

Израелците ги разлути изјавата на шпанскиот премиер Санчез, го обвинија за поддршка на тероризмот

Предраг Петровиќ