„Нисан“ излезе со нов модел на суперавтомобил „Концепт 2020“, кој своето деби наскоро ќе го има во видео играта „Гран Туризмо 6“.
Овој модел засега ќе има само виртуелна верзија, но вројатно нема да биде далеку денот кога ќе се појави и негова „копија“ во реалниот свет.
„Нисан Концепт 2020“ е замислен како автомобил со конфигурација на седиштата 2+2.
Извори во „Нисан тврдат дека овој концепт би можел да биде искористен при креирањето на некој иден супер-спортски модел. – „Концепт 2020“ претставува виизја како би можел да изгледа спортскиот модел на иднината на „Нисан“, додаваат истите извори.
Виртуелното возило е дело на тим малди дизјанери од студиото „Нисан Дизајн Европа“ со седиште во Лондон, кои понудија импресивни аеродинамички решенија во „Концептот 2020“. Во овој модел тимот гледа потенцијал за сериско прозиводство на автомобил, за кој засега нема никакви технички податоци.
Виртуелниот „Концепт 2020“ ќе биде „достапен“ од следниот месец, за кога е закажана промоцијата на „Гран Туризмо 6“ за „Плејстејшн“.