ВИДЕО: Обид за убиство на MMA шампионот – застрелан од заседа

Од:

Во Русија, непознати сторители се обидоа да го убијат борецот на ММА Тимур Хизриев.

Рускиот борец на ММА со дагестанско потекло Тимур Хизриев е непоразен шампион на ММА со 18 победи и 0 порази.

Хизриев е ПФЛ шампион, а во вторникот преживеа речиси сигурна смрт.

Морничави снимки пристигнаа од Русија, кои покажуваат дека Тимур Хизриев бил застрелан од заседа.

Видливо во шок, Хизриев успеа да го зграби еден од напаѓачите со рацете, да ја преземе контролата и да го фрли на земја, но другиот напаѓач продолжи да пука со огненото оружје.

Хизриев беше погоден од неколку истрели, но имаше огромна среќа во несреќата и набрзо беше префрлен во болница, каде што беше опериран и според најновите информации е надвор од животна опасност.

„Тој беше погоден од најмалку пет куршуми. Колку што знаеме, ниедна од раните не е длабока и тој е во стабилна состојба“, изјави извор за руската новинска агенција ТАСС.

Би можело да ве интересира

„Над 100 жени зад воланот: Женско Рели повторно ќе се вози низ улиците на Скопје”

Предраг Петровиќ

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ужас во Хрватска – Американецот заби, кошот падна врз него

Предраг Петровиќ

Формула 1 ги откажува трките поради конфликтот на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ

Како навивачите станаа аналитичари на спорт

А1он