ВИДЕО: Нисан го претстави прототипот Зеод РЦ

Од:

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ непосредно пред почетокот на трката „24 часа Ле Манш“ го претстави Зеод РЦ, најбрзиот електричен автомобил на светот.

Зеод РС (Zero Emissions On-Demand Racing Car) прототипот е придвижуван од истите литиумски батерии како на електричниот модел Нисан Лиф.

Прототипот годинава ќе мине низ голем број тестови за издржливост и безбедност, а идната година се очекува да учествува на трката „24 часа Ле Манш“.

zeod-rc

Извршниот потпретседател на Нисан, Енду Палмер, изјави дека моделот ќе овозможи две опции, погон на електричен мотор и погон на класичен мотор со внатрешно согорување.

zeod-rc2

Нисан се уште не објави детални спецификации на автомобилот, но се верува дека Зеод РЦ ќе развива брзина до 300 километри на час.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска