(ВИДЕО) „Непростливо предавство“: Навивачите на Челзи гневни поради Суперлигата

Од:

Илјадници навивачи на Челзи, гневни поради одлуката на клубот да ѝ се приклучи на новоформираната Суперлига, откажувајќи се од учеството во Лигата на шампиони на УЕФА, се собраа денес пред стадионот „Стемфорд бриџ“ за да го изразат својот револт.

Трустот на навивачите го осуди потегот на клубот, кој заедно со другите најбогати европски клубови, се одлучи за новото натпреварување, кое би требало да донесе поголем профит за клубовите.

Навивачите го блокираа излезот од стадионот и не дозволуваа да помине клупскиот автобус, а залудни беа и апелите на легендарниот голман Петр Чех да ги пуштат фудбалерите да поминат.

Пред мечот против Брајтон, навивачите му направија „опсада“ на својот стадион, а од транспарентите можеше да се види дека потегот на нивниот клуб го сметаат за чин на „најголемо предавство“, што за нив е нешто „непростливо“.

Слични беа реакциите и на останатите пет англиски клубови кои најавија приклучување кон Суперлигата, замислена како друштво на богатите клубови од кое нема да се испаѓа, а клубовите од посиромашните европски земји воопшто ќе немаат пристап.

Противење на идејата за посебна лига за најбогатите деновиве доаѓаат од цела Европа, а поддршка за УЕФА даде и претседателот на Фудбалската асоцијација на Англија, принцот Вилијам.

Би можело да ве интересира

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана

Шеснаесет од 27 фудбалски федерации во ЕУ се спротивставија на Супер лигата, Шпанија и Италија меѓу нив

Ана Ололовска

Забрана за настап во ЛШ им се заканува на Реал, Барселона и Јувентус

Анчелоти за Суперлигата: Мислев дека тераат некој мајтап

Жарко Настоски

Перез: Ако сметате дека Супер лигата е мртва, не сте во право

Ана Ололовска

Чеферин: Англиските клубови направија грешка, но се вратија и сега продолжуваме заедно

Ана Ололовска